Бојкотот на маркетите го намали прометот за 47 отсто

Date:

На денот на бојкотот на најголемите маркети во земјава, во петокот, кога прометот падна за 47 отсто , исто така, за над 40 проценти беше намален бројот на издадени фискални сметки како во однос на претходниот ден, така и споредбено со изминатиот петок. Купувачите за време на бојкотот во 8-те најголеми маркети потрошија 1,8 милиони евра за што се издадени речиси 248 илјади фискалани. Ако оние кои пазареа тој ден просечно направиле само една фискалана сметка, тогаш во маркетите во петокот влегоа 174 илјади потрошувачи помалку во однос на претходниот ден, или 188 илајди помалку во однос на петокот претходната недела.

„Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари и во тој ден издадени се 247.822 фискални сметки. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а издадени се 421.547 фискални сметки“, соопшти УЈП.
Додека граѓаните водат трка со цените на прехранбените производи, инспекторите веќе прават контроли во големите трговци ланци за да проверат дали има злоупотреби во финансиското работење. И болничките кујни се под лупа на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство. По 43 вонредни инспекциски надзори во болниците спроведени минатата недела АХВ уништи 110 килограми небезбедна храна.

„Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за добра хигиенска и добра производствена пракса“ се наведува во соопштението од АХВ.

Инспекторите затекнале нехигиена, наталожени маснотии во кујната,несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, вработени без сертификати за хигиена на храна како што налага Законот, а затекнале и нерегистрирани оператори со храна. Од АХВ информираат дека за овие неправилности донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...