Орландо со 113-98 го победи Бостон кој во овој дуел влезе со девет победи по ред, ниту враќањето на Тејтум не им помогна во овој натпревар.

Главната ѕвезда на Бостон селтикс, Тејтум се врати по паузата поради повреда, но не помогна многу да се совлада Орландо.

Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме кое заврши со предност на Орландо од 55-54. Во третата четвртина домаќините почнаа да се одлепуваат и направија предност која ја одржаа до крај за победа од 113-98.

Најефикасни на мечот беа кошаркарите на Бостон, Браун и Тејтум кои постигнаа по 26 поени, најдобар кај победничкиот тим беше Банчеро со 23 поени.

Резултати:
Детроит – Милвоки 130:150
Орландо – Бостон 113:98
Чикаго – Атланта 111:100
Хјустон – Минесота 119:114
Јута – Шарлот 120:102
Портланд – Сан Антонио 147:127
Сакраменто – Мемфис 133:100