Кошаркарите на Бостон сезонава се меѓу најголемите кандидати за освојување на титулата во НБА лигата.
Селтикси тоа го потврдија со новиот триумф против Бруклин со дури 50 коша разлика 136:86, што е втор најтежок пораз во клупската историја на Нетси.
Најголемиот пораз Бруклин го претрпе од Хјустон во 1972 година тогаш со 52 поени разлика.
Тренерот на Селтикс, Џо Мазула одбележа важен јубилеј, 100 победи во НБА кариерата.
Против Бруклин блескаше Пејтон Причард со 28 поени, додека еден поен помалку постигна Дерик Вајт. На спротивната страна доминираше Трендон Вотфорд со 15 поени.
Во Источната конференција Бостон е на првото место со учинок од 43 победи и 12 порази, додека Бруклин е на 11 позиција (21-33).
НБА лига, резултати
Шарлот – Атланта 122:99
Орландо – Њујорк 118:100
Филаделфија – Мајами 104:109
Бостон – Бруклин 136:86
Кливленд – Чикаго 108:105
Торонто – Индијана 125:127
Мемфис – Хјустон 121:113
Њу Орлеанс – Вашингтон 133:126
Далас – Сан Антонио 116:93
Денвер – Сакраменто 98:102
Феникс – Детроит 116:100
Јута – ЛА Лејкерс 122:138
Голден Стејт – ЛА Клиперс 125:130