Најдобриот тим во лигата, Милвоки Бакс беше поразен од Бостон со 140:99, Тејтум ги предводеше Селтикси со 40 поени и осум скока, Џејлен Браун додаде 30 поени, пет скока и пет асистенции. Јанис Антетокмупо беше најефикасен кај Милвоки со 24 поени и седум скока. Милвоки како и денвер на Западот остана лидер на Истокот со 55 победи и 22 порази, Бостон е втор со 53 победи и 24 порази.

Без Никола Јокиќ во составот, Денвер беше поразен од Њу Орлеанс со 107:88, Брендон Инграм го предводеше тимот на Пеликанс со трипл-дабл од 31 поен, 11 скока и 10 асистенции. За Инграм ова беше трети трипл-дабл оваа сезона.

За шестата победа во последните седум натпревар свој придонес имаше и Си Џеј МекКалум кој постигна 23 поени, Јонас Валанчиунас додаде 15 поени и 12 скока, Треј Марфи уфрли 15.

Србинот, Никола Јокиќ не настапи на оваа средба поради проблеми со потколеницата и натпреварот го следеше од трибините. Џамал Мареј беше најефикасен кај Денвер со 21 поен, Брус Браун го следеше со 19. Со оваа победа Њу Орлеанс се изедначи со Минесота на седмата позиција на Западната конференција, двата тима имаат по 39 победи и 38 порази. Денвер се уште е лидер со 51 победа и 25 порази.