Боно-изненадување на Сараево филм фестивал

Date:

Двајца членови на Ју-Ту, Боно Вокс и Д Еџ беа изненадување на вечерта, на синоќешното свечено отворање на 29. Сараевски филмски фестивал. Двајцата легендарни музичари дојдоа заедно со нивните сопруги, како и моделката и активистка Кристи Тарлингтон и новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур. Фестивалот отвори со документарецот „Бакни ја иднината“ на Ненад Чичин-Шаин, кој е инспириран од Ју-Ту и нивната значајна улога за воено и повоено Сараево и неговите жители.

Во филмот е прикажан активизмот на Боно и настапот на Ју-Ту на стадионот Вембли во Лондон, пред точно 30 години. Врската на Боно со Сараево и Сараевскиот филмски фестивал трае веќе неколку децении. По посетата на Фестивалот во 2000 и 2021 година, тој често доаѓа во Сараево како поддршка на фестивалот.

Оваа година, Сараевскиот филмски фестивал ја одбележува 30-годишнината од првото воено кино Аполо, кога градот беше под опсада, а публиката се собра да гледа филмови во подрумот на Академијата за драмски уметности, со што се прославува јубилејот поврзан со самиот почеток на фестивалот. Приказната е токму за заедницата која продолжи да работи и живее во текот на опсадата на Сараево во 1990-тите. Во филмот исто така се појавува и Аманпур, која раскажува за своето искуство  како млада репортерка која известувала за војната.

Фестивалот ќе трае до 18 август, а во трка за Срце на Сараево се 49 филмови.

Две македонски копродукции ќе имаат светска премиера во конкуренцијата за награди за документарци, „Тело“ на Петра Селишкар копродукција со Словенија и „Молк на разумот“ на Кумјана Новакова со БиХ. Екипа на „Кајмак“ со режисерот Милчо Манчевски на 17 август ќе продефилира на црвениот килим, во програмата Open Air.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...