Бомби, ракетен фрлач, пиштол, пушки – полицијата пронајде поголема количина оружје при претрес во Скопје

Date:

Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение за кривично дело по чл.396 и чл.215 од КЗ, извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во с.Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

„При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони“, информираат од полицијата. 

Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...