Боксерот Ален Рустемовски се наметнува како кандидат за учество на Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Date:

Ален Рустемовски со три последователни победи стигна до полуфиналето во категоријата до 60 килограми на Европското првенство сениорско првенство во Софија, Бугарија, и го обезбеди бронзениот медал за Македонија. Со овој резултат Македонија повторно има европски медал во сениорски бокс, прв пат по 2008 година кога Вели Мумин освои бронза на Европското првенство во Ливерпул.

Министерот за спорт Борко Ристовски му честиташе на Рустемовски, и согласно Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија, со освоениот бронзен медал на Европското првенство влегува во категоријата „Спортист од светска категорија“, со што се стекнува со право на паричен надомест од државата во висина од две просечни плати во период од четири години, пренесуваат од Министерството за спорт.

Со трите победи и бронзениот медал на ЕП, Рустемовски се стекнува и со право на највисокото Национално спортско признание што се доделува на македонските спортисти за врвни спортски остварувања по навршување на 40-годишна возраст.

Бронзата од Софија е второ големо одличје за Рустемовски во период од неполн месец. Претходно тој освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Ова е историски успех за македонскиот бокс бидејќи Ворлд бокс („Светски бокс“) е органзација преку која се обезбедува учество на Олимписките игри. Со овој резултат кој му носи 300 рејтинг поени, Рустемовски се наметнува и како кандидат за учество на Олимпијадата 2028 година во Лос Анџелес.

– Ален Рустемовски доби поддршка и од Македонскиот олимписки комитет (МОК)

Рустемовски оствари средба и со претседателот на МОК, Даниел Димевски по повод европската бронза во Софија.

„Бронзениот медал од Европското првенство е потврда за квалитетот, работата и посветеноста на Ален. Покрај директната поддршка за Ален, МОК преку конкретни програми ќе овозможи и поддршка за Бокс федерацијата со цел заеднички да го развиваме боксот како еден од нашите национални спортови“, истакна Димевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...