Богородичниот храм во Заум засветли во сиот свој сјај

Date:

По долги години и поминати цели генерации повторно обновен манастирскиот храм во Заум, с. Трпејца, Охрид на празникот посветен на Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна.

Откако пред неколку години беше возобновен манастирскиот конак во Заумскиот манастир, по молитвите на Мајката Божја, а со Божјиот благослов и благодат, оваа година засветли во сиот свој сјај и центарот на манастирот – Богородичниот преукрасен храм, кој после долги години осквернавеност и запуштеност, беше облечен во ново достојно руво, велат од Дебарско-кичевската епархија.

Откако беа завршени конзерваторските и архитектонските работи од страна на надлежните институции, со благослов на нашиот Митрополит Тимотеј, храмот беше и целосно внатрешно обновен, поточно беше поставен нов мермерен под, нов мермерен иконостас со нови икони, а беше поставен и нов престол. Ова беше и поводот да се собереме во Богородичниот храм во Заум, и да го преосветиме ова наше духовно и културно богатство, велат во соопштението.

Торжествата започнаа на 14 јули во вечерните часови, кога беше отслужена Вечерна богослужба, на која во молитвено присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Утредента се изврши преосветување на манастирскиот храм, а потоа, според обичајот, беше отслужена и света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Атанас Казанџиски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, додаваат во соопштението од Дебарско-кичевската епархија.

На овој светол и долгоочекуван чин присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претседателот на советот на Општина Охрид, Сашо Донев, претставници од општината, претставници од НУ Завод и Музеј, како и многуброен верен народ.



Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...

Заемот од Унгарија во Собрание – Обвинувања за корупција

Законот кој ќе овозможи Македонија да се задолжи една...