Богата салата со круша и горгонзола што ќе ве освои на прво залаче

Date:

Овој период од годината е исклучително богат со неодоливи сезонски производи, па сега е вистинското време да бидете креативни во кујната и да експериментирате со есенските зачини и вкусови

Доколку обожавате добри салати, богати со текстура и вкусови, оваа есенска салата несомнено ќе ви ги исполни очекувањата. Слатката круша, преливот од сенф дижон, крцкавите оревчиња и кремавото сирење горгонзола создаваат вкусно есенско јадење, на кое нема да можете да му одолеете.

Состојки:

За салатата:

  • 2 помали зрели круши, излупени и исечкани
  • 60 г сирење горгонзола, здробено
  • околу 200 г мешана зелена салата, млад спанаќ, рукола
  • околу 20 оревчиња

За преливот:

  • 2 лажици црвен вински оцет
  • 1/2 лажиче сенф дижон
  • 1 лажиче мед
  • 1/4 лажиче сол
  • свежо мелен бибер
  • 3 лажици маслиново масло
Приготвување:

1. Во помала чинија измешајте оцет, сенф, мед, сол и бибер. Додајте маслиново масло и изматете.

2. Во поголем сад измешајте зелена салата, круши, сирење горгонзола и ореви.

3. Пред самото послужување, додајте го преливот во салатата и убаво измешајте. Послужете ја веднаш.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...