Блогер од Порторико: Македонија има најубаво знаме и добри луѓе

Date:

Луис е младо момче од Порторико, машински инженер по професија кој пред неколку години решава да ја напушти техничката кариера и да стане блогер. По две години работа за „Наса“, решава да почне да ја живее неговата лична пасија – патувањето и своите патувачки искуства да ги сподели на инстаграм и во медиумите. Веројатно направил правилна одлука, затоа што неговите видеа на инстаграм имаат стотици илјади прегледи, а секојдневно ударните локални медиуми во ударните термини пренесуваат интервјуа со него.



Порториканецот кој живеe насекаде низ светот минатата недела беше во Македонија, каде ги посети Скопје, Охрид и Битола. Вели дека Македонија има едно од најубавите знамиња во светот, убава архитектура, споменици и највкусна храна. Во разговор за Скопје Инфо тој раскажува за одлуката да патува во овој дел од светот, кој е далеку од неговиот дом, раскажува и за луѓето, импресиите, храната и патувањето.

На самиот почеток вели дека по посета на многу земји насекаде ни светот, пред три месеци решил да патува на Балканот и секако, Македонија била дел од неговата листа, бидејќи често учел и читал за неа, нејзината историја и Александар Велики.

„Освен за историјата не знаев многу за Македонија, додека не сретнав една Македонка која живее во Словенија, таа ми покажа прекрасни видеа од Македонија, кои беа објавени на инстаграм страната на Скопје Инфо, по што донесов одлука да дојдам тука“, вели тој.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...