Блинкен пристигна во ненадејна посета на Зеленски, а со него и дел од американскиот пакет-помош

Date:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера во Киев објави дека дел од новиот пакет помош од САД веќе пристигнал во Украина и дека наскоро се очекува да пристигнат уште пратки.

Блинкен ова го изјави на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, каде претходно пристигна во ненајавена посета.

„Помошта ќе направи вистинска разлика во тековната борба против руската агресија на бојното поле“, рече тој.

Зеленски ја пофали „клучната“ помош на САД и посочи дека најголемиот дефицит на украинско оружје е противвоздушната одбрана, пренесува Ројтерс. Тој му истакна на Блинкен дека на Украина и се потребни две батерии за противвоздушна одбрана за североисточниот град Харков, кој е цел на руски воздушни напади.

Блинкен ја прави својата четврта посета на Украина од почетокот на војната во 2022 година, а целта на посетата е да го увери Киев дека ја има американската поддршка додека се бори да се одбрани од сè поинтензивните руски напади. Стејт департментот објави дека Блинкен ќе разговара со украинските претставници за „ситуацијата на првата линија, влијанието на новата безбедносна и економска помош на САД, долгорочните безбедносни и други обврски и охрабрувањето на економското закрепнување на Украина“, пренесува АП.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...