Бледскиот договор може да се примени и за моштите на цар Самоил, како за оние на Гоце Делчев

Date:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со цар Самуил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање како го коментира прашањето за преносот на посмртните останки и дали ваквиот потег може да има одредени импликации во односите на Македонија со Грција и со Бугарија, Мицкоски рече дека прашањето треба да се гледа низ призма на Бледскиот договор.

„Јас тоа го коментирам во насока на Бледскиот договор, којшто е постигнат веднаш после капитулацијата на фашистичка Бугарија, којашто ја има, би рекол, окупирано за време на Втората светска војна територијата на денешна Македонија. Некој од политичарите тоа го вика ‘администрирање’, за среќа што се поранешни политичари. Односно поранешни политичари на функции, значи сè уште активни во опозицијата преку совети на раководствата во опозицијата, си имаат свои кукли таму и си ги раководат“, изјави Мицкоски по увид на градежни активности на мостот што се гради на улица „Љубљанска“ во Карпош.

Во однос на посмртните останки истакна дека тој би се вратил неколку децении назназад кога во Скопје беа донесени останките на македонскиот великан Гоце Делчев.

„Што се однесува до пренесувањето на моштите, јас би се вратил назад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев, како резултат на тој Бледски договор, се донесени во Скопје. И тоа е нешто што треба нас како Македонци да нè прави горди, затоа што моштите на тој великан, којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет“, нагласи премиерот.

Мицкоски изрази жалење што, според него, малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и она што било договорено со него.

„И штета што малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сè она што таму е договорено, а тоа не е така оддамна, тоа е пред неколку децении. Ќе повторам, после капитулацијата на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна, којашто, ќе повторам, во тоа време ја окупирала територијата на денешна Македонија“, нагласи Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...