Видеото на Бредли Купер и Џиџи Хадид од неодамнешниот концерт на Тејлор Свифт во Париз е вистински хит на социјалните мрежи. Се коментира „необичното“ однесување на овој актер и режисер.

Што е тоа што привлекло толкаво внимание па никогаш поголема бура, кога станува збор за неговата романса со манекенката?

Бредли Купер (49) се обидувал да остане во чекор со Џиџи Хадид (29), која енергично танцувала на хитовите на Тејлор Свифт, која настапувала во Париз како дел од нејзината турнеја „The Eras“. Таму било и момчето на музичката ѕвезда и ѕвездата на американскиот фудбал, Тревис Келче.

Купер делувал како тешко да се снаоѓа во таа атмосфера, се коментира на „Instagram“. „Бредли ги преиспитува сите свои животни одлуки кои го доведоа до тука“, „Се обидува да се однесува како да му е пријатно таму, но сите ја знаеме вистината“, „Така се чувствуваш кога ќе најдеш 20 години помлада девојка“, „Кутриот Бредли, таму не е неговото место, само го копира Тревис“, „Бредли се бори да не изусти – ’Дали е готово, толку сум уморен и едвај ги знам овие песни‘“, „Дајте малку поддршка за Бредли, толку се труди“, „Криза на средни години во своето најдобро издание“, порачуваат на мрежата.

Воедно, тука се и пофалбите колку Џиџи ја поддржува својата пријателка Тејлор Свифт (34), но не престануваат да коментираат дека Бредли се наоѓа на место каде што не припаѓа, „во друштво каде што е најстар“.

Да потсетиме, Келче има 34 години. На одредени не им се допаднал пак премногу енергичниот танц на манекенката, на него гледаат како голема желба да привлече внимание кон себе.

На концертот присуствувал и Лени Кравиц (59), што може да се забележи на ова видео, па го заменил Купер на тронот на најстарите.

Врската на режисерот и манекенката бил конфликтно коментиран откако се дознало за нивната романса. Парот прво се криел од папараците, па заедно излегле во јавноста. На концертот на Тејлор Свифт разменувале и бакнежи.

Се коментира дека старосната разлика меѓу нив никогаш не била поочигледна како на ова видео. Но тоа не би требало да биде пречка за љубовта. Впрочем, Купер е далеку од стар – има 49 години. Колку му е пријатно во врската со младата Џиџи, а и колку му било пријатно на настапот – оние кои мислат дека се посрамотил би рекле дека видеото кажува сè.

Врската помеѓу манекенката Џиџи Хадид и актерот и режисер Бредли Купер била огромно изненадување, а всушност шансите да се случи ваква романса биле големи, за што говорат деталите од зад кулисите. Накратко, светската јавна сцена и не е толку голема.

Џиџи Хадид и Бредли Купер се запознале благодарение на поранешната свршеница, моделот Ирина Шајк и нивните заеднички пријатели, изјавил извор за „The Messenger“ нагласувајќи:

„Џиџи и Ирина се многу блиски со години, соработуваа, а Џиџи и Бредли се познаваат долго време, се дружеа, но на пријателско ниво“.

Инсајдер порачал дека Џиџи и Купер се зближиле уште повеќе поради нивните ќерки, актерот ги поканил манекенката и нејзината ќерка Каи која ја добила со пејачот Зејн Малик, да се сретнат со него и малата Леа, која ја има со Ирина Шајк.

Бредли Купер бил тој што го направил првиот потег, тој инсистирал да се види со Џиџи. Тие средби биле со порелаксиран тон. Односот на почетокот била поопуштен.

Претходно се шпекулирало дека на Ирина и пречи таа романса и дека никако не ѝ се допаѓа љубовниот избор на поранешниот партнер кој е во врска со „многу помладата манекенка“. Постоеле и тврдења дека Шајк и Купер не ставиле крај на нивната љубов, но работите сега одат во друга насока.

@people

#BradleyCooper turned the #IFMovie premiere into a daddy-daughter date. 🥹 #RedCarpet

♬ Paradise Landing – Mama Aiuto & Daphné

Бредли Купер синоќа се појавил на премиерата на филмот „If“ во Њујорк со својата ќерка Леа. Модата ја следи на сè поинтересен начин.