Ракометна еуфорија во Битола каде во рамките на Лигата на шампоните во новата сезона ќе гостуваат гигантите Кјелце, Кил и ПСЖ. Денеска беа извлечени групите во кои место обезбеди и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Елитното натпреварување е магнет за сите големи ракометни клубови во чие семејство од оваа сезона се приклучи и Еурофарм Пелистер кој на љубителите на овој спорт во Македонија и пошироко им обезбеди силни натпревари за нови ракометни уживања .
Пелистер денеска беше извлечен во А- групата во која ќе игра против финалистот на ЛШ, Кјелце, унгарскиот ПИК Сегед, германскиот Кил, Францускиот гигант ПСЖ, Данскиот Алборг, првакот на Хрватска Загреб и дрим тимот од Норвешка Колстад.
Лигата на шампионите започнува на 13/14 септември, а до крајот на годината ќе бидат одиграни десет кола, додека останатите четири ќе бидат напролет во 2024 година.
Првиот натпревар битолчани ќе го одиграат против Загреб.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]