БИТКАТА КАЈ РЕКАТА ПИНАР ВО СИРИЈА – ЕДНА ОД ПОБЕДОНОСНИТЕ ЗА АЛЕКСАНДАР (53)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИНI ДЕЛ

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави заземањето на морските премини кои водат од Киликија кон Сирија, а тој тргна кон западната страна за да го избегне планинскиот предел Тракеја во Киликија, со цел да го покори и да го присвои морскиот брег се до Ликија и целосно да ја заштити својата заднина пред да се сретне со Големиот крал.

Брзото извршување на оваа задача за неколку дена покажа дека кај него се врати поранешната моќ. На патот кон стариот антички грчки крајбрежен град Солој, ја прими веста дека неговите генерали на кои им ја довери опсадата на тврдината во Халикарнас извојувале голема победа.

Во чест на таа победа, Александар Македонски приреди гозба, а му изрази благодарност и на богот Асклеп за оздравувањето. Покрај процесијата и трките со факели имаше и гимнастички и музички натпреварувања, што првпат овде беа приредени. Имаше гимнастички натпревари на војниците, како и уметнички натпревари во кои учествуваа пејачи, музичари и уметници кои веројатно беа доведени од воените штабови во Tape.

Потоа главниот дел од војската го започна маршот од Tape кон исток. Кога Александар Македонски дојде до Мал, приложи жртва за херојот-пророкот Амфилох од Аргос, кој овде имаше славно пророштво и беше почитуван како основач на градот. Во Мал слушна од Парменион, кој во меѓувреме ги освои преслапите, дека Дареј со својата војска се улогорил во Сохој во рамниот дел на Сирија, два дена одење од преминот што сега го нарекоа Баилан.

По смртта на Мемнон, Големиот крал одлучи лично да ја преземе командата и да се сретне со Александар Македонски во решавачка борба. За таа цел собра голема војска во Вавилон.

Доцна во летото на 333 година, информиран дека Александар Македонски е во Галиција, Дариј отиде до Еуфрат во придружба на голема свита со багаж, а потоа премина во рамнината источно од планината Аман, за да се подготви кога Александар Македонски ќе навлезе, во Баиланската клисура, и тука во Сохој да започне борба со својата многубројна војска. Тргнувајќи од својата голема надмоќност, Дариј веруваше во победа.

Освен тоа, тој сфати дека треба да го цени Александар Македонски како противник, што може да се заклучи од фактот дека извесно време пред тоа, како вистински султан, го поттикна Линкестијанецот Александар да го убие Александар Македонски.

Штом Александар дозна за веста во врска со Сохој, кога беше во Мал, свика воен совет за договор што да се прави и со одобрение на советот одлучи да му се противстави на Големиот крал.

Меѓутоа, битката не се водеше на другата страна од планината Аман во Сохој, туку на оваа страна од северозападниот дел на Сирија, јужно од Ис. Како дојде до ова? Тоа е еден од најинтересните и највозбудливите делови во целата историја на војната.

Патот на Александар, што порано Парменион беше испратен да го извиди и да го заземе, водеше низ Киликијанските клисури, по должината на сирискиот брег.

Потоа патот врти кон југ, поминува кај Ис, преку реката Пинар (Дели-Чаи) и малата река Пајас до сирискиот морски премин и преку планинскиот премин Јонах продожува до Миријандр (во близина на сегашниот Александрета-Искандерун).

Од тука патот води југоисточно преку Аман од Баиланскиот премин до сириската рамнина. Тоа беше патот што младиот Кир еднаш го помина и им беше познат на античките народи од Ксеиофонските раскажувања.

По оздравувањето од болеста во Ис, напаѓајќи кон југ, Александар Македонски дојде до Миријандр, каде што поради силната есенска бура и дождот што паѓаше во ноќта, неговите единици останаа во кампот и наредниот ден, веројатно со цел да се одморат пред битката што претстоеше.

Таму, вечерта на негово големо изненадување беше информиран од дезертерите дека Дариј и неговата војска се наоѓаат северно од него, на реката Пинар. Тој тешко поверува во тоа и испрати неколку офицери кон северниот брег да го проверат тоа што го слушна: тие ја потврдија веста.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ РУСКАТА РЕПУБЛИКА ТАТАРСТАН

Најмалку 13 луѓе се убиени, а десетици се повредени...

ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА

За нас 10 август не е само датум, тоа...

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски и три функционери за Гостивар

СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо...