Биографски стрип за Тејлор Свифт

Date:

Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата.

Стрипот е дел од серијата „Силата на жените“ (Female Force) на „Тајдалвејв комикс“ (TidalWave Comics) којашто раскажува за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавната индустрија, политиката и други категории.

– Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип! Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративните негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент (Супермен, з.п.)… Но, дури и тој не би можел да го напише (албумот) „1989“, изјави Ерик М. Ескивел, кој е автор на стрипот.

Стрипот ќе излезе на 13 декември и ќе биде достапен со мек и тврд повез како и дигитална верзија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...