Бил Гејтс стана дедо, доби внука од постарата ќерка

Date:

Ќерката на ко-основачот на Мајкрософт, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Наџел Насар станаа родители на девојче.

„Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство“, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.

Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од нејзиниот стомак. „Благодарна“, напиша тогаш таа со фотографија на која позира со својот сопруг.

Џенифер и Насар се во брак од октомври 2021 година. Свадбата беше во Вестчестер. По повод првата годишнина, Џенифер му посвети емотивна објава на својот сопруг.

„Пред 365 дена се обврзавме засекогаш. Нашата венчавка беше најнеземната, магична прослава, но да се биде во брак е уште подобро. Благодарни сме што можеме да ги оживееме овие спомени денес“, напиша таа.

„Оваа година со тебе помина, но она што ми носи најголема радост и утеха е тоа што знам дека имаме уште многу да живееме заедно. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш“, напиша тогаш Насар.

Џенифер е најстарото дете на поранешните сопружници Бил и Мелинда Гејтс. Тие имаат и ќерка Фиби и син Рори.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ќерката на Синди Крафорд го украде шоуто во проѕирна чипкана креација

Оскарите ќе се одржат на 15 март 2026 година...

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...