Били Ајлиш отворено проговори за жените: Ме привлекуваат, ги сакам, но и ме плашат

Date:

Младата пејачка Били Ајлиш во новото интервју за „Варајети“ отворено проговори за односот со жените и призна дека ја привлекуваат, пишува „Инсајдер“.

Пејачката, која е на насловната страница на изданието „Пауер оф вимен“, изјави за магазинот дека во текот на животот се борела да се поврзе со другите девојки и жени.

„Никогаш не сум се чувствувала како да можам многу добро да се поврзам со девојките“, рече Ајлиш.

Сепак, тоа почна да се менува на почетокот на оваа година кога таа ја сними оригиналната песна за филмот „Барби“, во режија на Грета Гервиг.

„Многу ги сакам. Ги сакам како луѓе. Ме привлекуваат луѓе. Навистина ме привлекуваат. Физички ме привлекуваат. Но, ме заплашуваат нивната убавина и присуство“, објасни таа.

Иако Ајлиш не користела конкретен термин за да ја означи својата сексуалност, новинарот го опиша цитатот како „откровение“.

Во интервјуто таа додала и дека никогаш не се чувствувала како жена.

“Никогаш не се чувствував пожелно. Никогаш не се чувствував женствено. Морам да се убедам себеси дека сум згодна девојка. Се идентификувам како ‘таа’ и такви работи, но никогаш не сум се чувствувала како девојка“, додаде Били.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...

Кети Пери конечно се огласи по вселенското патување

Поп ѕвездата Кети Пери (40) се соочи со жестоки...