Потребни состојки: 5 јајца, масло, 300гр. биено сирење и една супена лажица пченкарно
брашно.
Начин на подготовка: Биеното сирење се сече на парчиња, а потоа парчињата се
прпелкаат во пченкарното брашно. Потоа во тава на оган се става малку масло да се
загрее. Во загреаното масло се ставаат парчињата сирење кои се пржат се додека не се
зацрвенат од двете страни. Во посебен сад се матат јајцата и изматената смеса се додава
во тавата каде што се пржи сирењето. Се сервира топло, со прилози по желба како што се
домати, крставица, кечап, буковска пипер, маслинки и слично.