Осврнувајќи се подетално на состојбите со употребата на кокаин во земјава, проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија во изјава за ТВ Телма вели дека се појавува дилема, бидејќи порано се сметаше дека тоа е дрога за богатите. Но, сега се примаат лица кои тврдат дека ја купиле за многу поевтина цена од онаа по која се продава чистиот кокаин на црниот пазар.
Причината, како што вели тој, е што се појавиле 20 форми на лажен кокаин, со многу примеси, што го прави многу поопасен за оние што го консумираат
Не поминува дежурство на Клиниката токсикологија во ноќните часови без прием на пациенти поради предозираност со кокаин, алкохол и вијагра. Ова во го потврдува проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, споделувајќи го своето искуство од дежурствата во последните 12 месеци.
Она што загрижува, вели тој, е возраста на ваквите пациенти, која е на околу 30 години, па и помалку.
Осврнувајќи се подетално на состојбите со употребата на кокаин во земјава, тој вели дека се појавува дилема, бидејќи порано се сметаше дека тоа е дрога за богатите. Но, сега се примаат лица кои тврдат дека ја купиле за многу поевтина цена од онаа по која се продава чистиот кокаин на црниот пазар.
Причината, како што вели д-р Беќаровски, е што се појавиле 20 форми на лажен кокаин, со многу примеси, што го прави многу поопасен за оние што го консумираат.
„Кога ќе го видите пациентот, веднаш знаете дали зел чист коканин или со примеси. За жал, многу од тие џет-сет забави кои се одвиваат во градот се изворот од каде доаѓаат многу пацинети кои се предозирани со кокаин, тогаш се работи за чист кокаин. Тоа нашата лабораторија го докажува. Меѓутоа, на пазарот има, се појавија 20 форми на т.н. фејк коканин, кој е сличен по хемиската формула, меѓутоа има многу понесакани ефекти од вистинскиот кокаин. И очигледно е распространет кај нас“, вели Беќаровски.
Во моментов, додава тој, цената на квалитетен кокаин е околу 100 евра за грам.
„Можете да претпоставите кој може да си го дозволи. Но, доаѓаат пациенти кои тврдат дека го земале за 20 или 15 евра и тогаш е со примеси на гипс, лимонтус, креда и што сѐ не, а немаме докажано“, вели професорот од Универзитетската клиника за токсикологија.
Беќаровски: Сѐ повеќе млади се примаат на Клиниката за токсикологија поради предозираност со кокаин
Date: