Беше детски актер, а сега е ѕвезда на хит-серијата „Ноќен агент“

Date:

Пред неколку дена на „Нетфликс“ излезе серијата „Ноќен агент“ (Night Agent) и веднаш се искачи на врвот на листата како најгледана серија во светски рамки.

Акционата серија што ја креира Шон Рајан според истоимениот роман на Метју Квирк го следи агентот на ФБИ, Питер Сатерленд, кој работи како ноќен телефонски оператор за итни случаи во Белата куќа. Подоцна, следејќи ја линијата за итни телефонски повици, агентот на ФБИ одговара на повик што го вплеткува во смртоносен заговор, во кој е вмешан крт во Белата куќа.

Главната улога во серијата ја толкува Габриел Басо, 28-годишен американски актер, кој многу бргу го привлече вниманието на публиката, особено на жените. Во неодамнешното интервју за магазинот „Пипл“ тој откри зошто ја прифатил улогата.

„Она што ме натера да ја прифатам улогата беше разговорот со Шон. Тој ми кажа колку реалистично сака да ја прикаже сторијата. Не сакам кога насилството е некако романтизирано, па мило ми е што неговата визија за серијата беше ваква“, рече Габриел.

Тој призна дека не го прочитал романот по кој се базира серијата. „Ми рекоа да не го читам бидејќи адаптацијата е сосема поинаква. Ми рекоа: Само прочитај го сценариото“.

Актерот потенцира дека сценаристите сакале да се фокусираат на ликовите.

Откри и дека сака да биде што е можно пореален. „Мислам дека најважно е што Питер остана реален лик во текот на серијата, не стана суперхерој и ништо не можеше да влијае на него и да го промени“.

Повеќето акробации во серијата ги правеше сам.

„Јас се борев во сцените, но кога има навистина тешки работи, тогаш влегува каскадер. Тоа беше главно за паѓањето“, вели Габриел.

Тој ја почна својата кариера како дете ѕвезда во 2007 година со помали улоги во филмови. Од 2010 до 2013 година глумеше во серијата The Big C, а потоа во научнофантастичниот трилер Super 8 во 2011 година. Извесен период паузира од актерството, но се врати во 2020 година откога пријателите го наговориле да стапи во контакт со агентите.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...