Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Date:

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за разводот со Џенифер Лопез и ја коментираше нивната сегашна врска. Тој објасни зошто се согласил да учествува во документарниот филм за нивниот брак наречен „Најголемата љубовна приказна никогаш не кажана“(The Greatest Love Story Never Told).

„Дел од мене мислеше, во ред, ако сакам да учествувам во ова, сакам да го направам тоа искрено и на интересен начин бидејќи ми изгледаше интересно“, рече тој.

Тој ја пофали Џенифер Лопез, наведувајќи дека таа „ја носела славата многу повешто и поелегантно од него“.

„По природа сум многу порезервирана личност од неа. Како што често се случува и во врските, не секогаш го имате истиот став кон исти работи и затоа си помислив – интересно е, како ги усогласуваме тие разлики бидејќи ја сакам и поддржувам оваа личност. Верувам во неа и мислам дека е извонредна, а исто така сакам луѓето да го видат тоа“, рекол Афлек.

Во продолжение на разговорот рече дека нема проблем да го сподели приватниот живот, сè додека може јасно да ги искаже своите емоции и ставови.

„Не ми пречи да зборувам за мојот приватен живот сè додека можам јасно да ги пренесам моите чувства и верувања. Се надевам дека беше јасно колкава почит имам за Џенифер“, изјавил Бен.

Афлек и Лопез ја обновија својата романса во 2021 година, речиси 20 години откако првпат се верија во 2002 година, а потоа се разделија по само една година.

Тие се венчаа во 2022 година, прво во Лас Вегас, а потоа на втора церемонија во Џорџија. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, а беше финализиран во јануари оваа година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...