Бен Афлек е фотографиран во Лос Анџелес со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, во интимен момент додека биле во автомобилот на Бен.

На фотографиите поранешните сопружници споделиле прегратка, кога Гарнер се наведнала напред од задното седиште на автомобилот, пишува „Пејџ сикс“.

Со нив била и нивната ќерка Серафина, која седела на совозачкото седиште до нејзиниот татко.

Поранешната двојка одржа пријателска кородителска врска и покрај гласините за неверство и проблеми со коцкањето, кои наводно доведоа до нивен развод.

Афлек и Гарнер се венчаа во 2005 година. Еден ден откако прославија 10 години брак, двајцата објавија дека се разделуваат.

По разводот Гарнер почна да излегува со Џон Милер, а Афлек се ожени со Џенифер Лопез. Сепак, многумина забележаа дека тој изгледа нерасположено во последно време кога е со пејачката.

Лопез минатата година за магазинот „Вог“ изјави дека е горда на фактот што Афлек и Гарнер успеале да изградат добра врска и дека меѓу нив нема „лоша крв“.