Потребни состојки:
2 јајца
2 лепчиња за бургер (или земички)
4 парчиња сланина (или свинска шунка)
1 лажица алкохолен оцет
Малку магдонос за декорација
1 лажичка црвен пипер за декорација
За Холандез сосот:
4 лажици путер
2 жолчки
2 лажички сок од лимон
1 лажица неутрална павлака за готвење
Сол и бибер по вкус
recept-za-jajca-benedikt-omileniot-branch-obrok-02.jpg
Начин на подготовка:
Прво, подгответе го Холандез сосот со кој ќе ги прелиете јајцата на крајот – за почеток стопете го путерот во мало тенџере.
Во друг сад изматете ги жолчките со виљушка, па додадете ги сокот од лимон, неутралната павлака и солта и биберот.
Во оваа смеса ставете една полна лажичка од стопениот путер и матете без престан за да се спојат убаво. Повторувајте ја постапката додека во смесата од јајца не го ставите целиот путер.
Целата смеса вратете ја во тенџерето каде што бил путерот и ставете го на топла рингла околу 20-30 секунди. За тоа време мешајте без престан, па тргнете го на страна и оставете го да се излади.
Следната постапка е поширање на јајцата – во длабоко тенџере ставете вода за варење на јајцата и една лажичка оцет (оцетот помага белката да остане компактна со жолчката кога ќе го ставите јајцето во водата).
Важно е водата да ја доведете до точка на вриење, но да не дозволите да зоврие, туку кога ќе почнат да се прават меурчиња на дното на тенџерето (пред да почнат да лебдат нагоре во водата) да ја намалите температурата.
Скршете го првото јајце и ставете го во чашка или мал сад, а потоа внимателно истурете го во водата (за да не се разлее белката).
Повторете ја постапката и со второто јајце.
Оставете ги да се варат во загреаната вода околу 3-5 минути, зависно од тоа колку сакате да бидат меки внатре.
Извадете ги од водата внимателно со црпалка со дупки, за полесно да ги исцедите од водата.
Не се грижете ако почне да се собира пена во водата додека ги поширате јајцата, само тргнете ја внимателно од водата.
Лепчето можете малку да го потпечете на тавче или тостер.
Сланината или шунката запржете ја – ставете ги парчињата месо во тавче и пржете по околу една минута од двете страни.
Врз секое парче бургер лепче или земичка, ставете по 2 парчиња сланина (или шунка), а врз нив пошираното јајце.
Прелијте со Холандезе сосот, па најгоре ставете малку магдонос и црвен пипер.