БЕЛОРУСИЈА ПОЧНУВА ГОЛЕМА ВОЕНА ВЕЖБА СО РУСИЈА, НО ТВРДИ ДЕКА НЕ ВЛЕГУВА ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Date:

Русија и Белорусија денеска почнуваат заеднички воени вежби, додека Киев и западот стравуваат дека Москва би можела да ја искористи белоруската територија како отскочна штица за нова копнена офанзива на Украина, што веќе беше случај на почетокот на војната во февруари. Вежбите ќе траат до 1 февруари и притоа ќе се користат сите белоруски воени воздушни бази, објави белоруското министерство за одбрана.

Минск вели дека воздушните вежби се одбранбени и дека нема да влезе во војната.

„Одржуваме воздржаност и трпение и го чуваме барутот сув. Ситуацијата на нашата јужна граница со Украина не е сосема мирна. Подготвени сме на сè“, изјави Павел Муравејко, првиот заменик-секретар на Белорускиот совет за безбедност, додавајќи дека Украина ја провоцирала Белорусија.

Москва демантираше дека го притискала белорускиот претседател Лукашенко да земе поактивна улога во војната во Украина. Белорусија спроведе низа воени вежби од почетокот на војната, сама или заедно со Русија.

Неофицијални воени канали на Телеграм известуваа дека од почетокот на годината, голем број руски воени авиони пристигнале во Белорусија, а само вчера, осум борбени и четири товарни. Минск тврди дека доаѓаат само единици на руските воздушни сили.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...