Белград: Приштина се вооружува

Date:

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека Приштина ги вооружува своите Косовски сили за безбедност со моќни системи за да ги трансформира во војска на Косово.

Како што наведе, со тоа „најфлагрантно се крши Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Кумановскиот договор“.

„Освен дронови, како донација од Турција, добија и други системи – хаубици, минофрлачи, многу моќен противоклопен систем, офанзивни системи. Своите офицери и подофицери ги испраќаат на школување во различни земји од НАТО пактот, имаат и заеднички вежби“, кажа Вучевиќ.

Тој истакна дека зачувувањето на мирот и стабилноста е национален интерес на Србија, дека Србија победува во мирот, со повеќе деца, автопати, раст на стандардот, инвестиции“.

„Ние внимателно гледаме што се случува во нашиот двор, а што може да ја запали целата куќа“, истакна Вучевиќ, наведувајќи дека оружјето на Приштина „не може да се спореди со воениот потенцијал на Војската на Србија, но дека тоа се јасни назнаки дека имаат стратегија за развој на своја војска на Косово“.

Имајќи го предвид сето тоа, кажа дека Србија мора да поставува свои оперативни планови, дополнително да ја обучува војската и да поставува системи на воена опрема адекватни на потенцијалната опасност.

Додаде дека „Србија апсолутно има одговор на тоа“.

Тој истакна дека однесувањето на Приштина претставува безбедносен ризик за државата, дека „нема спиење ни потценување, ние сме посилни но тоа не значи дека не дознаваме и следиме сè што се случува околу нас“.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...