Бела Хадид донирала милион долари за помош на Газа

Date:

Познатите сестри супермодели Бела и Џиџи Хадид, со палестинско-холандско потекло, донираа еден милион долари на хуманитарни организации кои обезбедуваат помош за децата и семејствата погодени од конфликтот во Газа, објави нивниот претставник.

Организациите кои ги добиваат парите се „Heal Palestine“, „Palestine Children Relief Fund“, Светската централна кујна и Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNRWA), јавува Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис објави дека таткото на сестрите е палестинскиот тајкун за недвижности Мухамед Анвар Хадид и дека тие претходно изразиле поддршка за луѓето погодени од конфликтот. Бела Хадид во мај на Инстаграм објави дека се чувствува „уништена од палестинските жртви и недостатокот на емпатија на светските влади кон нив“.

Донациите следуваат по серијата фотографии на Бела Хадид на Канскиот филмски фестивал минатиот месец, каде таа се појави на црвениот тепих во црвено-бел фустан – традиционална арапска облека поврзана со палестинската култура, наведува Би-Би-Си.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...