Лидерот во западната конференција, Денвер Нагетс доживеа тежок пораз на гостувањето во Минеаполис кај Минесота Тимбервулвс.
Клубот од Колорадо играше без Никола Јокиќ, но и без тројца стартери во имињата на Џамал Мари, Арон Гордон и Кентавис Колдвел-Поуп, поточно ова придонесе да загубат со дури 30 разлика (128-98). Домашниот тим во сите четири четвртини даде над 30 поени и во таква ситуација тешко е да се загуби меч во НБА лигата.
Едвардс со 20 поени беше прв стрелец, Расел имаше пак дабл-дабл од 18 поени и 10 асистенции. Кај проазените листата на стрелци ја предводеше Мајкл Портер Џуниор со 22 кошеви.
Останати резултати: Мемфис-Торонто 103-106, Њујорк-Филаделфија 108-97, Њу Орлеанс-Сакраменто 136-104, Индијана-Кливленд 103-122, Шарлот-Орландо 113-119
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]