Басконија во драматичен финиш „украде“ победа против Реал Мадрид

Date:

Басконија го совлада Реал Мадрид со 98:96 во неверојатно возбудлив дуел од 35-тото коло на Евролигата.

По триумфот во финалето на Купот на Кралот, Басконија уште еднаш ги надигра мадриѓани, остварувајќи ја 11-та победа во Евролигата. Со ефект од 11-24, тимот е на 18-то место на табелата, додека Реал со 22-13 ја дели третата позиција со Валенсија.

Реал го имаше водството во свои раце кога Факундо Кампасо погоди тројка за предност од 95:88 на помалку од две и пол минути до крајот. Но, Тими Луваву-Кабаро и Коби Симонс направија неверојатен пресврт за победа на Басконија. Одлучувачки беа слободните фрлања на Симонс и промашената тројка на Љуљ во последниот напад.

Тими Луваву-Кабаро блескаше со 26 поени, а по 21 поен постигнаа Коби Симонс и Мамади Дијаките. Кај Реал, Кампацо беше најпрецизен со 26 поени.

Валенсија го победи тимот на Виртус во Болоња со 81:94. Фантастичен беше Нејтан Риверс со 33 поени, 10 скока и неверојатен индекс на корисност од 44, што го прави најкорисен играч во ова коло.

Карсен Едвардс се истакна кај гостите со 26 поени. Виртус останува на 17-то место со 13 победи во досегашниот тек на Евролигата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Уште еден одличен резултат за Дарио, второ место на маратонот во Белград

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на...

Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

На АТП ранг-листата објавена денес, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ...

Лазањи со тортиљи

Кога ви треба идеја за брз ручек, запомнете го...

ATANAS BLIZNAKOV AND HIS ARRIVAL AND WORK IN THE U.S.A. – PART I (16)

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV...