Барселона со убедливи 5:0 против Атлетик Билбао за место во финалето на Суперкупот

Date:

Екипата на Барселона е првиот патник во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако во полуфиналниот натпревар во Џеда славеше над Атлетик Билбао со високи 5:0. Каталонците го решија прашањето на победникот уште во првиот дел кога постигнаа четири гола, искористувајќи ја дезориентираноста во одбраната на противникот.

Резултатот го отвори Феран Торес во 22. минута, кога по една одбиена топка од ударот на Руни Бардџи, се најде на вистинското место за водство од 1:0. Предноста беше удвоена осум минути подоцна преку Фермин Лопез, кој со удар во горниот агол го круниса прецизниот центаршут на Рафиња.

Доминацијата на Барселона продолжи во 33. минута кога младиот Руни Бардџи, кој доби шанса како стартер на местото на Ламин Јамал, шутираше од десната страна, а голманот Унаи Симон лошо реагираше и дозволи топката да заврши во неговата мрежа. Серијата голови во првото полувреме ја заокружи Рафиња во 38. минута со силен удар за предност од 4:0 на паузата.

На почетокот на второто полувреме, Рафиња го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 5:0. По овој погодок, тренерот Ханси Флик направи неколку измени за да ги одмори клучните играчи како Де Јонг, Балде и Рафиња, а шанса добија и Маркус Рашфорд и Ламине Јамал. Атлетик Билбао не успеа да упати сериозен одговор, иако Унаи Гомез ја пропушти најдобрата прилика за својот тим во завршницата кога излезе сам пред голманот Жоан Гарсија.

Барселона сега го чека исходот од второто полуфинале помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, кој ќе се одигра во четврток, за да го дознае својот противник за неделното финале.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

На владина седница е усвоена новата Програма за директни...