Барселона и Кјелце обезбедија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите кој веќе стандардно се игра во Келн.
Бранителот на пехарот славеше над Гог и во вториот натпревар овој пат со 36-31 и со вкупни 73-61 обезбеди место меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување.
Фраде со 6 и Мем со 5 гола беа најефикасни кај каталонците, додека Мадсен со 5 погодоци ја предводеше листата на стрелците.
Во дербито пак Кјелце го реши Веспрем со 31-27 и останува во игра за пехарот во ЛШ. Полскиот тим воден од навивачите го надигра унгарскиот претставник и тоа во средба во која клучната предност ја направи во првите 30 минути кои ги реализираше со 18-12.
Душебаев и Сичко со по 6 погодоци беа водечки играчи кај победникот, а пак Ремили даде 7 за поранешниот тим на Дејан Манасков.
Покрај Барса и Кјелце пласман на Ф4 обезбедија Магдебург и ПСЖ.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]