Барселона продолжува со перфектната низа во домашното првенство откако убедливо со 5:1 славеше на гостински терен кај Вилјареал. За каталонскиот гигант ова беше шеста победа во исто толку кола, но освен задоволството за освоените три бода, челниците на клубот добија големи грижи по средбата.
Голманот Марк-Андре Тер Штеген заработи тешка повреда на десната нога, а според првичните лекарски прогнози, ќе биде надвор од теренот во следните седум-осум месеци. Тоа значи дека за Тер Штеген сезоната може да е и завршена, па Барселона останува без квалитетен прв голман.
На дуелот против Вилјареал, на местото на Тер Штеген на голот застана Ињаки Пења, кој засега е и единствена опција за тренерот Ханси Флик. Сепак, Пења не е голман од врвен капибар и тешко дека ќе може да го издржи притисокот да брани цела сезона на врвно ниво.
Токму затоа, во Барселона веќе започнаа со опции за тоа кој голман може да го доведат во своите редови, а изборот не е голем. Како опции се споменуваат Кејлор Навас, кој бранеше во Реал Мадрид, потоа Лорис Кариус, кој не се прослави во Ливерпул, како и голманите Жорди Масип, Едгар Бадија и Јиржи Павлекна.
Како опција е Војќех Шченсни, кој бранеше во Јувентус, но неодамна реши дека ја завршува кариерата.