Од 12 клуба кои пред неколку години го почнаа проектот за фудбалска Суперлига, останаа само Барселона и Реал Мадрид откако Јувентус вчера официјално се откажа од оваа идеја.
Торинскиот клуб не можеше да го издржи притисокот од УЕФА и Фудбалската федерација на Италија кои последната година му најдоа неколку неправилности и изрекоа голем број казни, како на клубот, така и на функционерите, па објави дека се повлекува од Суперлигата и ги остави сами шпанските гиганти. Претходно истото го направија Интер и Милан, како и Атлетико, премиерлигашите и ПСЖ.
По ваквиот развој на настаните, станува јасно дека оваа идеја нема да доживее реализација иако Флорентино Перес напорно работи на тоа.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]




