Баерн Минхен оствари победа од 1-0 на гостувањето кај ПСЖ во првото осминафинале од Лигата на шампионите, со истиот резултат Милан го совлада Тотнем на Сан Сиро.
Баерн Минхен во најголем дел од мечот со ПСЖ беше подобар противник, Баварците особено доминираа во првото полувреме кое заврши без голови.
Резултатот беше отворен по осум минути игра во вториот дел кога Кингсли Коман постигна гол за водство на Баерн кое значеше и победа од 1-0.
Брзо потоа во игра влезе Мбапе и дури тогаш ПСЖ се разбуди. Мбапе даде гол во 82. минута, но му беше поништен поради офсајд.
Павар во 92. минута заработи втор жолт картон, Баерн без него ќе биде на реваншот во Минхен.
Со 1-0 победи и Милан во првиот меч со Тотнем, голот на Сан Сиро беше постигнат уште во седмата минута од мечот. Брахим Дијаз со глава одлично се снајде и донесе триумф за росонерите.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]