Баба Коса Илиевска од Црниче пред два дена го прослави нејзиниот 100-ти роденден!
Таа е една прекрасна, весела и ведра жена која иако одбележа еден век од нејзиното раѓање, сепак е полна со живот, баба на две внучиња и прабаба на пет.
Со букет цвеќе роденденот и го честиташе и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
– Си муабетевме, ми раскажа за животот и искуството кое го има зад себе, дури ми даде и добри совети. Мене ми е навистина драго што имав чест да седнам со четири генерации, сите заедно на една маса. Ова е тоа за кое вреди да се живее. Беше прекрасно дружење, ви благодарам! Баба Коса, да си ми жива и здрава и остани таква полна со елан каква што си, а догодина, да го прославиме и 101-от роденден, порача првиот човек на општината во која живее оваа бабичка.