Музичкото дуо „Ај Кју“, составено од Бојан Трајковски и Марија Ивановска, ја преработи антологиската песна „Молитва“, која легендата на македонската народна музика Виолета Томовска ја испеа во далечната 1991 година.
Музиката и текстот се на браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски, а аранжманот на новата верзија на песната го направи веќе докажаниот Роберт Билбилов.
„Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на Молитва, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“, велат Марија и Бојан од „Ај Кју“.





