АХВ: Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Date:

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ).

Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.

Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.

За утврдените недостатоци, издадени се вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.

Уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...