Арсими и Скопје ги поделија бодовите во Гостивар, откако нивниот натпревар од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига заврши без голови, 0:0.
Домашниот тим имаше поголема иницијатива во најголемиот дел од средбата и успеа да создаде неколку прилики за погодок. Сепак, реализацијата изостана, па Арсими не успеа да ја продолжи серијата од две последователни победи.
Скопје во финишот покажа повеќе амбиција и беше нешто поконкретен, но ниту гостите не успеаја да ја затресат мрежата.
За Скопје ова е ново реми по враќањето во елитното друштво, со што тимот и по пет одиграни кола останува без победа.





