Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во новата сезона, „Комјунити Шилд“, откако денеска на „Вембли“ го совладаа Манчестер сити со 4:1 на пенали, а пред ударите од белата точка резултатот беше 1:1.

Во второто полувреме „граѓаните“ дојдоа први во водство во 77 минута преку Кол Палмер.

Арсенал со сити сили се обидуваше да израмни и тоа го направи во 11 минута од судиското надополнување по автоголот на Мануел Аканџи, по ударот на Филип Тросар.

Во пенал серијата пресудија промашувањата на Кевин Де Брујне и Родри (единствено за Манчестер сити прецизен беше Силва), а на спротивната страна сигурни од белата точка беа Одегард, Тросар, Сака и Виеира.

Арсенал по 17 пат во својата клупска историја го освојува „Комјунити Шилд“, четири титули помалку од водечкиот Манчестер јунајтед. Сити со години доминира во Премиер лигата, но нема среќа во „Комјунити Шилд“ во чие натпреварување веќе три години по ред излегува како поразен.