АПРИЛСКИОТ СНЕГ СОЗДАДЕ СНЕЖНА БАЈКА ВО МАКЕДОНИЈА: Само на Шапка наврнаа 15 сантиметри снег

Date:

Вчерашниот ден врнеше дожд во пониските делови од Македонија, додека на повисоките планини во земјава се создаде вистинска снежна бајка.

Поради немање снег во зимската сезона, во декември и јануари не се ни отвори скијачката сезона, а падна сега на пролет во април. Денеска на Попова Шапка, како што гледаме, имаше граѓани што излегле да уживаат во снегот.

„Излеговме малку да уживаме во снегот, бидејќи во зима немавме снег, барем сега да уживаме во тоа што остана.
Дали уживавте во снегот?
„Уживав, не земав скии затоа што не можев“, рече еден посетител.

„Супер денес, голем снег, среќни сме, врне. Во зима немаше, но сега да…“, рече едно дете.

И покрај обилните врнежи од снег, патиштата кон Попова шапка се проодни, но од Претпријатието Македонија пат препорачуваат внимателно возење, особено во вечерните часови. Според синоптичарите, врнежи од снег има и во делот на Дебар, како и на Стража и Маврово, а се очекува да врне и по полноќ. Во наредните денови, според синоптичарите, времето ќе биде променливо облачно и со повремени врнежи од дожд пропратени со грмежи и засилен ветер. Во повисоките краишта ќе има и врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, додека максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Затоплување на времето се очекува во текот на следниот викенд кога се очекува температурите да достигнат до 22 степени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...