Анџелина Џоли повика на прекин на огнот и ги нарече светските лидери соучесници во злосторствата во Газа

Date:

Анџелина Џоли повика на прекин на огнот и ги нарече светските лидери соучесници во злосторствата во Газа.

Таа истакна дека Газа е отворен затвор во последните 20 години и дека денес бргу се претвора во масовна гробница, јавува „Анадолија“.

„Додека светот гледа и со активна поддршка од многу земји милиони палестински цивили масовно се казнуваат и обезличуваат додека им се одбива храна, лекови и хуманитарна помош, што го крши меѓународното право“, рече Џоли.

Таа повика и на прекин на огнот.

„Со одбивањето на барањата за хуманитарен прекин на огнот и спречувањето на Советот за безбедност на ОН да наметне прекин на огнот на двете страни, светските лидери се соучесници во овие злосторства“, рече Џоли.

Министерството за здравство во Газа објави дека израелски воени авиони во средата го бомбардирале бегалскиот камп „Џабалија“ на северот од Појасот Газа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...