Актерката Анџелина Џоли се наоѓа во Грција и во близина на Атина, каде учествува на снимањето на филмот „Maria“ во кој го толкува главниот лик, Марија Калас. Првите фотографии од сетот беа објавени минатата недела.
На новите фотографии Анџелина физички повеќе ѝ е слична на оперската дива Марија Калас, но тоа не е единствениот интересен детаљ.

Во текот на снимањето, Анџелина Џоли ја посети познатата јахта „Кристина О“, која го носи името на внуката на Аристотел Оназис, познатиот грчки милијардер, кој беше голема љубов на Марија Калас и кој на славната пејачка ѝ предизвика многу понижувања и болки.
Со Анџелина Џоли се и нејзините синови Пакс и Медокс кои се вклучени во продукцијата на филмот. Тие претходно соработуваа со славната мајка.
Џоли ја игра позната грчка певица која живеела од 1923 до 1977 година. Филмот го прикажува последниот период од животот на Марија Калас.

На новите фотографии, ретро имиџот одлично ѝ прилега на актерката, но сепак, физичката сличност со Марија не е целосна. А најзабележителен детаљ на новите фотографии е раскошната фризура на холивудската ѕвезда, слична на онаа којашто освен Калас, сакаше да ја носи и Јованка Броз, родена само една година по раѓањето на славната Гркинка.
Во времето на Марија Калас и Јованка Броз, во мода била ваква гламурозна и елегантна пунџа, која е тренд и денес.

Да потсетиме, Анџелина Џоли ја игра Марија Калас во новиот филм „Maria“ на Пабло Ларајн, продукцијата на ова дело започна во Бугарија. Познатиот режисер на тој начин ќе ја заокрижи трилогијата биографски филмови за влијателни жени од минатото, по филмовите „Jackie“ и „Spencer“.
