Антиќ е пред бркање од КФМ – 37 клуба официјално побараа Собрание за негова смена!

Date:

Перо Антиќ наскоро и официјално ќе биде минато како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), откако денеска беше поднесена Иницијатива за свикување Вонредно собрание на кое тој би бил сменет и на негово место би бил избран поранешниот репрезентативец, Младен Ѓуроски.

Тој денеска лично достави барање за свикување на највисокиот орган во македонската кошаркар со официјална поддршка од 37 членки на Собранието. Оваа бројка е далеку поголема од потребната, бидејќи според Статутот само со 11 потписи може да се поднесе ваква иницијатива. Ѓуроски со ова покажа дека има поддршка од речиси сите субјекти во македонската кошарка, а бројката на клубови е и поголема од официјално презентираните 37, со оглед што имало уште 3-4 клуба од внатрешноста кои не успеале да се потпишат на документот, но кои најавиле дека немаат никаква дилема за кого ќе гласаат на претстојното Собрание.

Антиќ пред крајот на минатата година веќе еднаш беше катастрофално поразен од луѓето кои сакаат промени за подобри во македонската кошарка, но тогаш искористи правни заврзлами за да остане уште некој месец на функцијата. Но, на 29 март поминаа две години од неговиот втор мандат, со што „падна во вода“ и последната пречка за клубовите да си ја остварат својата желба и да го сменат од највлијателната функција во овој спорт кај нас.

Според актите на КФМ, Антиќ и неговите соработници сега мораат во рок од 14 дена да свикаат ново Собрание, на кое меѓу другото без никакви пречки ќе може да се гласа за негова смена. Ако тој не го стори тоа во предвидениот рок, тогаш Иницијаторите предводени од Ѓуроски ќе можат сами да го свикаат и одржат Собранието и полноправно да одлучуваат дури и без присуство на Антиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...