ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
Бидејќи Ахејците од Арго на Пелопонез ги протерале Кадмејците од Теба, кои пребегале во земјата Енхелида, Дорците од просторите на Пинда се вратиле околу 1124 година п.н.е. и ги протерале Ахејците од Тесалија, Беотија и Дриопида и тука се населиле. Од Дриопида повеќепати се обидувале да ги заземат Атика и Пелопонез, но безуспешно. Дури во 1104 година п.н.е., со помош на Македонците и под водство на Хераклид, Дорците од Дриопида, која била преименувана во Дорида, доаѓаат на Пелопонез и оттогаш го добиваат името, т.е. етнонимот Дорци. Од овој период потекнуваат и добрите односи меѓу Македонците и Дорците од Пелопонез. Со егзодусот на Ахејците и Јонците, на јужниот дел на Балканот, т.е. во Пелазгија, сепак останале староседелците: Минијци, Лапити, Тирои и Пелазги, кои долго време им се спротиставувале на големите притисоци на доселениците Дорци и нивната доризација.
Во историјата, овој период е познат како „мрачен перод“, по што почнува сè од почеток како „архаичен период“, со Хомер и Хесиот на чело. Дорците, но и староседелците, постепено воведуваат свој систем на општествено-еко-номски односи, со создавање самоуправни еднонационални „полис-град-држави“, најпрво во Аргос, потоа на Коринт и во Спарта на Пелопонез, додека Атина и Теба стануваат сè повеќе мултиетнички (Пелазги, Лапити, Минијаци, Тирои и други). Постепената доризација довела до создавање на Дориленд на југот на Балканот, на Пелопонез, со подоцнежно преименување во Елада. Новите жители ги асимилирале Пелазгите и преостанатите Јонци, но ги земале нивната култура и етноним од синот на Деукалион, Хелен, од тесалиска Фтиотида.
Додека промените на населението во Дориленд (Елада) биле радикални, ситуацијата во Македонија била стабилна. Според легендата, Македонците во XIV век п.н.е. добиле нова, втора митолошка династија со епонимниот крал Македон, синот на богот Зевс (т.е. со автохтоно потекло), кој владеел со Западна Македонија, вдолж сливот на реката Халиакмон (Бистрица). Неговиот брат Магнет бил епонимен крал на Магнезија, на македонските племиња во источните приморски делови на подоцнежната Тесализа од Оса, до Пагазитскиот Залив со соседните егејски острови Споради.
Македонците успешно им одолевале на миграционите бранови на новите народи, кои ги зафаќале пределите на Балканот, северно и јужно од нив. Кога Кадмејците ги протерале Дорците од Хистиеотида во Тесалија према северозапад на истата, Македонците ги потиснале во Тимфаја, на границата меѓу Епир и Тесалија. Престојот во Дорците во еден мал изолиран агол од Македонија не можел да влијае на структурните промени на населението.
Кралот Македон го наследиле неговите синови: Еметија, кој владеел со македонската централна рамница меѓу Аксија, Хелиакмон и Пиер, кралот на македонските планински делови вдолж Халиакмон, од Олимп до Грамос на Пинда, каде бил третиот брат Пинд. Во наредните генерации, со Македонија владееле митските кралеви Еагар, Орфеј и Мида, кој им се придружил на Бригите во нивното преселување во малоазиска Фригија, каде станал и нивни крал. Историската, или трета-та Македонска династија со Предика, т.н. Аргеадска, е автохтона од Арго во Орестија (Рупиште).
Праисториските Македонци како составен дел од палеобалканскиот свет, спаѓаат меѓу најстарите народи во светот, а секако најстар во Европа. Тие имаат свое оригинално и богато мезо и неолитска археологија со специфични гледишта на соеничкиот тип на македонските езера (Костурско, Преспанско, Дојранско, Охридско), како и континентални населби и светилишта. Македонија спаѓа во земјите кои имаат развиена археолошка лингвистика, со богати писмени споменици мезо, неолитска епоха и континуирано живеење. Тоа го потврду-ваат сведоштвата на современите македонски истражувачи, на разни локалитети, како што се: Дупјак, Говрлево, Осинчани, Маџари, Чаир, Стенце, Породин, Скокнивир, Кратовско со карпестата култура итн.
Уште од неолитската епоха тие имаат свои династии и државен континуитет, сè до римската окупација. Македонија, пред Агрo на Пелопонез и Минојскиот Кнос на Крит, станала центар на Балканот и на „егејската култура“. На нејзиното тло е создадена првата теорија за постанокот на светот, митолошката космогонија (космосвет, вселена). Според неа, божицата Еуринома, првиот демиург (создавач, творец) на космосот, го снела првобитното јајце од кое е создаден целиот свет. Таа е претставена како света мирољубива гулабица (peristera) и симболично е сместена во Горна Македонија (во Пелагонија), со името на планината Пелистер (2601м).
Македонците со Хипербореите први ја создале политеистичката теорија, т.н. теогонија (thi, the, tho-творец, бог), на чело со Зевс и на своите апостоли им дале човечки изглед и ги сместиле во нивниот Пантеон на Олимп, „најопејаната“ планина на светот. Олимп како стремеж, станал не само верски симбол на античкиот туку и на современиот свет и инспирација за литературните и други културно-уметнички создавачи.
Према Аполодор од Родос, (295-230 година п.н.е.), во „Агонаутика“ се истакнува дека кралот на Македонија и Тракија Орфеј (околу 1225 година п.н.е.), правнук на кралот Македон од втората митска македонска династија, бил најпознатиот митски пејач, свирач и поет. Истотака, тој се смета за пронаоѓач на азбуката, создавач на новата религија и религиозната секта Орфичари, за божествената природа на човечката душа и за првобитниот грев. Тоа се елементи кои подоцна ќе ги прифатат: Питагора, (околу 580 години п.н.е.), филозоф од Само, во своите религиски и математичарски дела и Платон (427-347 години п.н.е.), исто така филозоф и ученик на Сократ од Атина, како и на христијанската вера.
Покрај тоа, животот и делата на Орфеј ќе им посложат на многу антички уметници како мотив во прикажувањето на смртта на Орфеј во вид на трагедија (Besaride од Ехил); во изработка на околу 80 орфејски химни од разни автори и во креацијата на „Орфејската Аргонаутика“; во изработка на монументални слики, фрески, амфории скулптури, дури и во христијанската иконографија, каде Орфеј бил сфатен како персонификација на Христос, како и во епот Georgika од Вергилиј. Кралот на Македонија, Орфеј, погребан е во градот Либерти во Пиерија, каде на гробот, уште од времето на Александар Велики Македонски, постоел голем кип на Орфеј од чемпрес.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН