Сите ние сме изложени на стрес секој ден , во поголема или помала мера. Гужви на состаноци, обврски, телефонски повици, мејлови, рокови, брзање да се заврши се… Кога ќе се вратиме дома ни треба рестарт, да се опуштиме и одмориме од се. Во тоа можат да ни помогнат есенцијалните масла. Преку мирисите, можеме да создадеме одредено расположение, да ги ублажиме грижите, стресот и несоницата . Можете да ги користите за да направите свој личен еколошки парфем без штетни состојки , може да се додадат во водата за капење или да се стават во дифузор кој ќе испари и ќе ја исполни просторијата со пријатни и релаксирачки мириси.
Ви претставуваме 3 есенцијални масла кои се особено ефикасни во борбата против стресот:
Етеричното масло од гераниум го подобрува расположението, придонесува за чувството на хармонија , смирува и релаксира. Го елиминира стресот, ја намалува анксиозноста и немирот.
Етеричното масло од мандарина ја ублажува нервната напнатост и кај нас буди радост и добро расположение. Елиминира исцрпеност и замор.
Етеричното масло од бергамот релаксира, ја намалува нервната напнатост и стресот и ја ублажува несоницата . Добро е за подобрување на расположението, намалување на раздразливоста, лутината и незадоволството.
Мешавина против стрес:
10 капки бергамот
10 капки здравец
5 капки мандарина
Ставете ги сите состојки во дифузорот со вода и вклучете го според упатстват