„Антикоцкање“ изведе герила-акција: Од продавница за кеш пари, во казино и на крај во болница

Date:

Движењето Антикоцкање со герила акција која ја организираше во центарот на Тетово, порачаа што побрзо да се донесе новиот Закон за игри на среќа. Тие симболично поставија картонски триаголник, во кој ги опишаа последиците од како што рекоа објектите каде се приредуваат игри на среќа.

Целта е сите граѓани да го видат овој триаголник, кој ја симболизира алармантната состојба во која се наоѓа нашето општество. Ова е всушност „бермудски“ триаголник, кој уништува се што се му се доближува, велат од движењето.

„Ова не е едноставен триаголник, и можеме да го наречеме „бермудски“ триаголник, кој уништува се што му се приближува, триаголник кој функционира совршено,триаголник кој пркосно ја надминува секоја човечка логика, само за да победи организаторот на тие игри, било да е индивидуален или групен интерес. Во близина на секое казино има банка или „продавница за пари“ познати како куќи за брзи кредити, после загубата во казино на тие пари близу е аптеката за да се снабдите со различни седативи за да се смирите себеси или вашето семејство, а во многуте случаи тие имаат фатален завршеток со болни судбинии, изјави Џемал Абдиу од Движењето Антикоцкање.

Оттаму се надеваат дека новиот Закон за игри на среќа што поскоро ќе се изгласа, и покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој предлог закон е ставен на дневен ред на комисиите, после ќе треба да помине во Комисијата за европски прашања.Но, од ВМРО – ДПМНЕ предложиле да се повлече овој закон заради условно речено некои обврски кон странски инвеститори и служби и амбасадори, но се надеваме дека ќе имаме исход. Ги замолуваме амбасадорите на европските држави да не ни го убиваат разумот за живеење, затоа што и ние заслужуваме живот и ги прашуваме зошто ние да бидеме жртва за нивниот профит?, изјава Џемал Абдиу од Движењето Антикоцкање.

Ние од Движењето Антикоцкање на нашите пријатели од здруженијата кои се вклучени во организирање на игри на среќа им порачуваме дека животот не е коцка и им даваме до знаење дека парите не се оска на светот, додадоа од Антикоцкање.

Инаку предлог-законот за игри на среќа предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри.

Народните избраници, да не наседнуваат на лажен популизам и да не штитат нечии бизнис интереси, да ги повлечат законските измени за игрите на среќа, порачаа вчера од асоцијациите за игри на среќа од протестот пред законодавниот дом.

Најавија дека ќе ги користат сите демократски средства, доколку надлежните немаат слух за кроење на законското решение. Досега во неколку наврати побарале средби, но сè уште како што рекоа не биле повикани.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...

Амбер Херд денес има добри вести, повторно е бремена

Актерката Амбер Херд, која беше во брак со Џони Деп...

Сите мислеле дека Донатела Версаче конечно се подмладила, но кога ја виделе во живо, ситуацијата била поинаква!

Донатела Версаче пред својот 70. роденден изгледала освежено и...

Клои Кардашијан: Терапевтот им кажа приватни детали од мојот живот на таблоидите

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан откри дека оди кај терапевт,...