Анкета: Mакедонија не е на добар пат – државата се дави во корупција, сиромаштијата расте

Date:

Повеќе од половина од населението смета дека Македонија не е на добар пат. Според последната анкета на Маркет Вижн, дури 60,25 проценти убедени се дека државата оди во погрешна насока. Позитивно се изјасниле само 9,20 отсто, а 27,70 проценти од испитаниците се со став дека стои во место.

Анкетираните од македонската етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска во поголема мера сметаат дека земјата се движи во негативна насока – 66,1% наспроти 47,3%.

Како еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија,за кои речиси половина од анкетирани го навеле, односно 44,1 отсто е симораштијата, поконкретно економијата, инфлацијата и намалената стопанска активност.

Во овој тежок период на немаштија, граѓаните се чини дека не гледаат светло на крајот од тунелот. Скапите цени по маркетите, пазарите, издржувањето од 1ви до 1ви, испитаниците и потаму го очекуваат, дури и во полош облик. Над 80% сметаат дека цените на производите и понатаму растат. Во исто време 31,3% од испитаниците очекуваат во следните шест месеци нивниот животен стандард да се влоши.

Како рак рана на македонското општество остануваат криминалот, корупцијата и нефункционалноста на правниот систем, покажува и оваа анкета. Овој одговор го дале без малку 30 проценти од населението. Пострашен податок е она што најголем дел или 87,1% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

Криминалот и корупцијата беа и едни од главните точки за кои и Европската Комисија нотираше и предупредуваше во својот извештај, кој според познавачите беше еден од најлошите извештаи кои ги добила Македонија.

Повеќе од една третина односно 37% од испитаниците се согласуваат со оценката на опозицијата за последниот извештај за прогресот на Македонија добиен од Европската Комисија. Со оценката на власта дека се работи за позитивен извештај се согласуваат само 11,5 отсто од испитаниците.

За антикризните мерки на Владата со кои финансиски се помага голема група на граѓани со пакет од преку 600 милиони евра, само 17% од испитаниците рекле дека ги поддржуваат знаејќи дека истите би се обезбедиле со задолжување на земјата. А 83 % сметаат дека тоа не е добра одлука.

Граѓаните не ја поддржуваат ниту одлуката на Владата за давање концесија за хидроцентралата Чебрен на грчка компанија, 65,7 отсто од испитаниците дадоа негативен одговор, а само 8,55 отсто позитивен.

Анкетирањето беше спроведено телефонски од 8 до 15 декември 2023 година, од Маркет Вижн нарачано од порталот МКД.мк на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...