“За жал многу претставници од власта беа фотографирани со престапници.”
Ќе се потсетиме на пукањето во Ист Гејт на два пати, ќе се потсетиме на безбројните пресметки во центарот на градот и мислам дека се продолжуваат пресметките во подземјето, за жал многу претставници од власта беа фотографирани со престапниците и припадници на мафијашката структура особено во Скопје. Кога ѓаволот ја однесе шегата и престрелките се преселија на улиците, некако сите се обидуваат да избегаат од контактите со овие лица. Можно е во предизборието да се зголемат пресметките. Нестабилноста во мафијашкото подземје која беше долго хранета од власта, сега ги дава своите резултати, рече Стефан Андоновски во Само Вистина.