Англичаните се главни во ЛЕ: Тотенхем и Јунајтед пред финале вредно џекпот

Date:

Екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед имаат сезона за заборав во Премиер лигата, но затоа во Лигата на Европа се главни. Со убедливи победи, двата премиерлигаши се наоѓаат пред портите на финалето на второто натпреварување на УЕФА.

Тотенхем во Лондон го пречека изненадувањето Бодо/Глимт од Норвешка и демонстрира моќ. Славеше со убедливи 3-1 (2-0) против тимот кој е дебитант во полуфиналињата на европските натпреварувања од скандинавската земја.

По само 30 секунди игра домашните дојдоа до предност кога погоди Бренан Џонсон. Ова беше најбрз гол на Тотенхем во европските натпреварувања. Течеше 34. минута, кога Медисон по асистенција на Поро зголеми на 2-0, а во вториот дел точка на победата на „петлите“ стави Соланке од пенал. Норвежаните преку Салтнес дадоа почесен гол пред крајот. Постеглу може да го загрижува повредата на Медисон, но на терен се врати Дејан Кулушевски.

На едно од најтешките гостувања во Европа, Манчестер Јунајтед запиша убедлива победа. „Ѓаволите“ победија кај Атлетик Билбао во Баскија (3-0) и исто така гледаат кон финалето на Лигата на Европа. Мечот се отвори во 30. минута кога Касемиро погоди со глава, а потоа домашните наидоа на голем проблем.

Во 36. минута Дани Вивиан направи пенал, за тоа доби директен црвен картон, а капитенот Бруно Фернандеш донесе 0-2 за Манчестер Јунајтед. Капитенот со вториот гол на мечот во 45. минута ги постави конечните 0-3. Вториот дел беше само формалност.

Финале во Лига Европа за Тотенхем и Манчестер Јунајтед ќе биде вистински џекпот, затоа што победникот ќе игра во Лигата на шампионите, а во моментов овие две екипи во елитата се при дното.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

THE DESTINY OF THE MACEDONIAN PEOPLE AND ITS CHURCH (33)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” ...

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...