Митинзи, веење на партиски знамиња, пеење на химни, нудење кафе и локум на врати и купишта црна кампања. Удари под појасот, навреди, оцрнување на личности,нивните семејства, копање по приватноста на кандидатите, ова е она што ја очекува Македонија во идните месеци. Одржувањето на два изборни циклуси со себе носи и две политички кампањи, ем за пратеници и влада, но и за претседател на кампањата.

Комуниколозите сметаат дека и овои изборни кампањи можеме да очекуваме да преовладува црната кампања, иако истата со себе носи само негативности и никогаш не носи победа. Сепак, велат познавачите негативната кампања е резултат на недоостиг на идеи за решенија и полесен пат за да се одземат гласови од противникот иако тоа не е гаранција дека тие гласови би завршиле на вашето конто.

Кордалов за Алфа вели дека црната кампања сама по себе не дава резулати, но и овие избори циклуси ќе биде примарна алатка. Посочува дека негативната кампања која се базира на критики за неисполенти ветувања,резултати е потребна во демократијата, меѓутоа граѓаните очекуваат и да слушнат што партиите нудат, со кои луѓе и кои рокови.

  • Црната кампања која што очекувам да ја има, ќе си продолжи да си носи три работи, апатија, намалување на гласачите, третата е давање некаква поддршка од поголемит партии наместо да одат гласовите да одат кај помалите партии. Тоа го прави црната кампања, додека негативната кампања која се базира на критика, но и солуција е нешто што може да ги мотивира граѓаните“ вели Бојан Кордалов – комуниколог.

Марко Трошановски од институтот за демократија посочува дека црната кампања е глобален тренд, па така не ја изостанува ни Македонија, иако со неа се демотивираат гласачите.

  • За жал ниту партиските центри за комуникација, ниту пиар стратезите, до сега и покрај апелите и од наша страна и од цела експертска јавност, не најдоа за сходно, ниту пак имаат доволно свесност каква штета права на општественото национално ткиво и менталното здравје со негативната кампања. Продолжуваат да ја користат истата зошто е евтин начин да се добие политичка поддршка, без реално да се потрудите да испорачате решение“ вели Марко Трошановски – институт за демократија.

Според познавачите, мит е дека црната кампања дава позитивен резултат.

  • Најголемата замка во која паѓаат политичките партии е дека тие се караат со политичкиот противник. Вие како политичка партија небитно каде сте на спектарот, власт, опозиција, вие непостоите за да се карате со вашите противници. Вие постоите за да промените нешто во општеството, вие не постоите за да се докажете дека политичките противници не чинат, а вие сте добри“, вели Бојан Кордалов – комуниколог.

Македонија памети низа на обвунувања меѓу политиките партии и енормно користење на црна кампања во предизборието, како најеклатантен пример кој не донесе победа на креаторот на црна кампања, беа присклушуваните разговори кои беа коритени како алатка за оцрнување на противникот, но и покрај тоа на тие избори СДСМ не беше победник, ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби поддршката на граѓаните, барем според мандати, но сепак не направи влада.